Ќе можат да се добијат и известувања за конкретните активности на Одделението за заштита на животната средина при Општина Кисела Вода кое е во рамките на Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај.
Содржините кои од денес ќе ги нуди овој еко канал се почетна платформа за неговиот планиран лик и функционалност. Се надеваме дека преку соработката со другите надлежните институции од областа на животната средина, како и преку бројните предлози и идеи од граѓаните, истиот ќе прерасне во информативна самостојна веб страница како за жителите на општина Кисела Вода, така и за жителите на Скопје.