Со овој триумф кошаркарките на клубот од Кисела Вода станаа државни шампионки.
Титулата за најкорисна кошаркарка на натпреварот (МВП) ја доби Катерина Поп-Димитрова со индекс на корисност 40 и трипл дабл што е реткост во женската кошарка. Поп-Димитрова натпреварот го одигра со постигнати 24 коша, 12 скокови и 10 асистенции.
„Баделки“ на финалниот турнир во Струга во полуфиналето со голема разлика го надиграа и тимот на „Баскет Кам“ од Македонска Каменица, со резултат 61:35.