Со акцијата за чистење, која ја вршеа 15 општински работници, скастрени беа грмушките и нараснатите гранки на дрвата, кои пречеа на движењето на пешачките патеки. Увид во работните активности изврши претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.
Локалната самоуправа апелира за почитување на јавниот ред и чистота, и воедно ги повикува граѓаните доколку забележат како несовесни граѓани одложуваат отпад на јавни површини истите да ги пријават во Секторот за инспекциски работи во Општина Кисела Вода.