По целосното расчистување на депонијата, која со години наназад создаваше грда слика и го загадуваше воздухот, на истото место, на површина од над 5.000 м2, Општина Кисела Вода ќе направи зелен парк со многу садници, патеки за прошетки и урбана опрема.
Жителите од селото Драчево, напролет ќе добијат нов голем парк за релаксација и уживање во природа.
За потсетување, во близина на паркот кој наскоро ќе биде направен, пред две години Општината во соработка со Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, од место на кое несовесни жители создаваа дива депонија, направи голема хортикултурно уредена зелена парковска површина.