„Баделки“ на гостински терен во Кавадарци, со огромна резултатска разлика 87:18 (30:6, 30:5, 9:3, 18:4) ја совладаа екипата на ЖКК „Трокал“. Со овој резултат, на осмиот натпревар од групата Запад тие ја забележаа осмата победа.
Од „жолто - сините“, најефикасна на натпреварот беше Стојановска со постигнати 23 поени. Успешно враќање по едномесечната пауза имаше Цветанка Димова, која постигна 20 поени. Голем придонес за победата дадоа и Марковска со постигнати 9 поени, Максимовска со 7, Блажевска и Димитријевиќ со по 5 поени, Лазаревска и Николов со по 4, Даниловска 2 и Цветановска 1 поен.
На теренот, од екипата на ЖКК „Трокал“ со постигнати 5 поени се истакна Тодорова.