Во знак на сеќавање на холокаустот на македонските Евреи, ПОУ „д-р Златан Сремец“ се приклучи на иницијативата на Министерството за надворешни работи на Израел, насловена „Садници за сеќавање“. По тој повод, училиштето во соработка со граѓанската организација „Акта Нон Верба“ организираше настан за садење садници.
За таа цел, учениците, наставниците и директорката на училиштето, Марија Делетиќ, заедно со претставници од организацијата „Акта Нон Верба“ и од Општина Кисела Вода, во училишниот двор засадија повеќе садници, кои беа донација од Израелската амбасада и амбасадорот на Израел, Н.Е. Дан Оријан.
Во дворот на училиштето направено е мало еврејско катче, кое секојдневно ќе потсетува на 11.03.1943 година, на денот кога 7.144 македонски Евреи беа депортирани во логорот на смртта Треблинка.
За потсетување, македонскиот народ даде голем придонес во победата над најголемото зло на човештвото, Фашизмот.