03/12 2021
Во моментов, од семафорите во населбата Пинтија до Цементарница Усје, 20 општински работници рачно и со едно возило со канистер за вода вршат расчистување на тротоарите и на тревната површина покрај булеварот. Во работните активности вклучени се и возила на ЈП „Комунална хигиена“, две машини за метење и една цистерна за миење улици.