Градоначалникот Филип Темелковски, кој посети дел од училиштата на првиот ден од новата учебна година, им посака успешна учебна година и им посака во радост и среќа да ги минуваат училишните денови, потенцирајќи дека освен стекнатото образование еднакво важни се и спомените и другарствата од училишните клупи и дека тие се вредност што останува за цел живот.
-Ги поздравуваме и им посакуваме успех и среќа и безгрижни денови на училиште на сите ученици и нивните семејства. За наставниците знаеме дека ќе бидат на висина на задачата и ќе создадат уште една генерација успешни младинци со кои ќе се гордееме. Почитувајте се, помагајте си, внимавајте еден на друг. Понекогаш полесно се учи во група и во тим. Овие тимови создадени на училиште остануваат до крај на животот. Научете што да очекувате од другите и да го давате својот максимум. Тоа е тајната на успехот-наведе градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски.