Во оваа акција за генерално чистење, се вклучени дваесетина сезонски работници ангажирани од Општина Кисела Вода, кои чистат и рачно и со два камиони и цистерна.
- Ќе го зголемиме бројот на сезонски работници, ќе ја подобриме услугата од комуналните служби, со што ќе обезбедиме чисти улици и средени паркови, за секого и во секое време. Ќе се работи со засилено тепмо, па набрзо, нашите жители ќе имаат чиста и зелена општина, онака како што доликува-најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Урбаната заедница Расадник е првата од населбите во Кисела Вода во која ќе се врши генерално чистење. Општина Кисела Вода преку секторот за месна самоуправа и социјална заштита, во наредниот период ќе спроведе акции по сите урбани и месни заедници.