Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Ѓорѓиевски потпиша и лично достави 100 решенија за легализација во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Првата седмица од преземањето на градоначалничката функција, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја заокружи со 100 потпишани решенија за легализација. 100 Семејства од општина Кисела Вода синоќа лично од него и од  тимот составен од дел од администрацијата и советниците од Советот, го добија документот со кој нивниот објект стана легален.

- Граѓаните на Кисела Вода повеќе не смеат да бидат жртви на неажурноста на општинската администрација. Отсега, секој поднесен документ ќе биде процесиран во најбрз можен законски рок, а администрацијата ќе биде вистински сервис на граѓаните. Денес, потпишав 100 решенија за легализации и лично заедно со мојот тим ги доставивме на граѓаните кои со месеци чекаа остварување на своето граѓанско право-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во насока на побрзо решавање на предметите, се зголемува бројот на службеници кои работат на процесот на легализација, се формираат повеќе комисии за вршење увид, со што интензитетот на работа ќе биде зголемен и легализацијата на дивоградбите ќе се одвива со забрзано темпо.

Преостанати се уште 5735 предмети. Општина Кисела Вода ги замолува граѓаните кои поседуваат ваков објект да ја докомплетираат документацијата, со што процесот на легализација би течел непречено и тие би стигнале побрзо до својот имотен лист.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa