Во оваа градинка, денот го минуваат 230 дечиња, па првиот човек на Кисела Вода, сакаше лично да се запознае што му недостига на овој објект и како може да се подобрат условите.
Неодамна, тука се изврши замена на фасадата со нова, термоенергетска, како и замена на олуците. Од обиколката беше констатирано дека е потребна замена на надворешните и на внатрешните прозорци и врати, санација на таваните во занималните, како и санација на покривот на овој објект.
Раководството на градинката доби уверување од страна на градоначалникот дека во најскоро можно време ќе започнат градежни активности за надминување на евидентираните проблеми.
-Ќе работиме на подобрување на условите не само во “Сончоглед”, туку и во сите градинки низ општина Кисела Вода, а проблемот со преполнетите капацитети ќе се решава со изградба на нови градинки, потенцираше градоначалникот Ѓорѓиевски.
Инаку, објектот “Сончоглед” е лоциран на улицата “Локов” во населбата Кисела Вода. Истиот датира од 1974 година.