Обуките се спроведуваат како дел од проект на UN Women, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - СИДА. Истите имаат за цел подобрување на пристапот до пазарот на труд и зголемување на конкурентноста на жените на пазарот на труд, преку подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување. Ќе се спроведуваат во периодот од јануари 2022 до август 2022. Дополнителни информации околу обуките се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода, на
https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Konkurs_Kisela%20Voda.pdf
Сите заинтересирани кандидатки можат да се пријават за учество на обуките по електронски
пат, на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe5XnVPFN5d0Ssa4ZVmgt0IjC65b6_NUmqzXVoqQr9yl35hWQ/viewform
или со директно поднесување на апликацијата до општината.
Доколку сакате да поднесете апликација директно во општината, контактирајте со одговорното лице во општина Кисела Вода, Симон Тошанов, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., 070 683 810.
Рокот за пријавување е 20 декември, 2021 година до 16:00 часот.
Покрај горенаведените критериуми, при изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена - прва услужена“. Особено се охрабруваат да се пријават жени од ранливи категории (самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство, жени со попреченост, итн.)
ВАЖНО: Обуките ќе се реализираат со комбиниран пристап (онлајн и со физичко присуство), а начинот на реализација на обуките ќе зависи од епидемиолошка состојба во периодот на одржување на обуките. Доколку немате услови за онлајн учество, постои можност за следење на обуката на договорена локација (или во просториите на општината или во ЦЕЕД Македонија), каде ќе бидат овозможени потребните технички услови.