Во моментов, интензивно се работи на процесот на експропријација на приватното земјиште, кое во најголем процент е во сопственост на деловни субјекти. Очекуваната временска рамка за завршување на овој голем инфраструктурен проект е до крајот на оваа година. Истиот, ќе го намали метежот, ќе ја зголеми безбедноста и ќе го олесни сообраќајот за преку 70 000 лица од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои секојдневно ја користат оваа делница, а дополнително, бенефит ќе имаа и за индустриската зона лоцирана во овој дел на градот.