Претседателот на гранскиот синдикат, ССКО на РМ, Зоран Антовски, како и престседателот на ССО на Општина Кисела Вода, Далибор Стојановски, заедно со градоначалникот Ѓорѓиевски, на писмено ги прецизираа правата и условите за работа на сите вработени во оваа локална самоуправа. Заеднички беа дефинирани обврските, но и правата на вработените и нивната положба, условите за работа и делувањето на синдикалната организација, како и други важни прашања поврзани со правата на вработените во Општината.
Овој колективен договор има важност од две години.