По одржаната презентација од страна на архитект и социолог, преку дискусија и размена на лични мислења, минатата седмица учениците од ООУ „Круме Кепески“, а денес и основците од “Невена Георгиева Дуња” графички дизајнираа своја проекција на зададена локација.
Следејќи ги актуелните случувања во Општината и активностите кои во моментот течат за распишување на меѓународен конкурс за идеен изглед на Расадник, осмо и деветоодделенците преку своите цртежи дадоа свои идеи за содржините кои таму треба да се нудат. Интересно е што многу од тие размислувања се сосема издржани и се уште еден доказ дека и најмладите се спремни да ги идентификуваат клучните проблеми и потреби на живеењето.
Следната работилницата за јавни простори, која Здружението КАЖИ КОГА Скопје ја спроведува во рамки на проектот "Наш град", ќе се одржи во ОУ „Партенија Зографски“ во понеделник, а потоа и во другите основни училишта во општина Кисела Вода.