Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи седмата пленарна седница на 24 февруари 2022 година (четврток) со почеток во 14:00 часот, со следниот дневен ред:
1. Квартални извештаи К1, К2 и К3 за четвртиот квартал од 2021 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
2. Извештај за реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност во Oпштина Кисела Вода во 2021 година;
3. Акционен план за 2022 година (од Програмата за Енергетска ефикасност за Општина Kисела Вода 2021-2023 година);
4. Предлог – Одлука за измена и дополнување на развојната програма во Општина Кисела Вода донесена на Петтата пленарна седница, одржана на 30 декември 2021 година со број 09-10907/26;
5. Предлог – Одлука за именување на член на Управниот одбор - претставник од Општина Кисела Вода во ЈДГ “ Весели Цветови” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
6. Предлог – Одлука за именување на член на Управниот одбор - претставник од Општина Кисела Вода во ЈДГ “ 8 ми Март” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
7. Предлог – Одлука за избор на член на Управниот одбор-претставник од Министерството за труд и социјална политика во ЈДГ “8 ми Март” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
8. Предлог – Одлука за избор на член на Управниот одбор-претставник од Министерството за труд и социјална политика во ЈДГ “Весели Цветови” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
9. Предлог – Одлука за именување член на Управниот одбор - претставник од Градот Скопје во ЈДГ “Весели Цветови” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
10. Предлог – Одлука за именување на член на Управниот одбор - претставник од Општина Кисела Вода во ЈДГ “ 8 ми Март” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
11. Предлог – Одлука за именување на претставници од Совет на родители во Управниот одбор на ЈДГ “ 8 ми Март ” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
12. Предлог – Одлука за именување на претставници од Совет на родители во Управниот одбор на ЈДГ “ Весели Цветови” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
13. Предлог – Одлука за именување на претставник од Установата во Управниот одбор на ЈДГ “ 8 ми Март” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
14. Предлог – Одлука за именување на претставник од Установата во Управниот одбор на ЈДГ “ Весели Цветови” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
15. Предлог – Одлука за именување претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;
16. Правилник за условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на уметници и други културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во Општина Кисела Вода;
17. Предлог – Одлука за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Кисела Вода;
18. Предлог – Одлука за пристапување кон измени и дополнувања на Статутот на Општина Кисела Вода;
19. Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.