Претставниците на Горанското друштво, предводени од претседателот Туркан Љокановци, на средбата дискутираа околу можните проекти во општината кои можат да допринесат за унапредување на соживотот и подигнувањето на демократските капацитети на локалната самоуправа.
Со секретарот на Општината, Мирко Ивановски, дефинираа повеќе сфери, каде може преку најразлични проекти да се продлабочи соработката. Двете страни заклучија дека заедничкото делување е значаен чекор во постигнувањето на просперитет на целата заедница.