- Најдобар начин да се искаже почит и благодарност кон работата на македонските пожарникари е да им се создадат подобри услови за работа и сметам дека отворањето на новиот противпожарен дом токму тоа и ќе го овозможи. Општина Кисела Вода со директорот на АД “Цементарница Усје”, Борис Хрисафов постигна договор за пренамена на простор од овој објект, и како што може да се забележи, проектот е во напредна фаза. Неговото отворање ќе значи поголема безбедност за граѓаните, бидејќи пожарникарите ќе можат побрзо да реагираат при несаканите настани. За жал, имаме лоши спомени од минатото, кога и покрај големата желба да се помогне, поради оддалеченоста на Противпожарната бригада во Драчево, се случуваше пожарот да остави несогледливи последици. Дополнително, местоположбата на овој нов противпожарен дом и неговата близина до Сопиште ќе овозможи да се помогне и на жителите од соседната општина. Со градоначалничката Арсовска денес констатиравме дека проектот за пренамена на овој простор кој ни го обезбеди АД “Цементарница Усје”, солидно напредува и сакаме да му се заблагодариме на господинот Хрисафов за покажаната општествена оговорност. Спасувањето на човечки животи и добра, како и обезбедувањето на подобри услови за работа на пожарникарите кои ги ризикуваат своите животи за да ја осигураат нашата безбедност се наша заедничка заложба-потенцираше Ѓорѓиевски, честитајќи го празникот 20 мај.
Чествувањето на денот на Денот на македонските пожарникари, градоначалниците Ѓорѓиевски и Арсовска го продолжија во во седиштето на Територијалната противпожарна бригада при градот Скопје во Автокоманда, каде од страна на Град Скопје се одржа централниот настан за одбележување на празникот.