На средбата за можностите што ги дава женското претприемништво ќе зборува Валентина Дисоска, која е и претседател на Националната платформа за женско претприемништво. Посебен акцент ќе биде ставен врз жените, жители на општина Кисела Вода, кои се невработени, кои се економски зависни и кои немаат доволно вештини и потребни квалификации.
Општина Кисела Вода во изминатиов период ја потпиша Декларацијата за соработка и поттик на жените претприемачи и во насока на истото, интензивно ќе работи на обезбедување на услови за соодветен развој во следниот период.
Средбата ќе се одржи во понеделник, 13.06.2022 година во 18 часот во Големата сала во Општина Кисела Вода. Лице за контакт: Тања Стојановска 072314934