Барањaта за субвенционирање и доказот за оствареното купување во форма на потврда, испратница или останат документ (фотокопија) кој треба да биде со датум од 01 април 2023 година, се поднесуваат заедно со останатата потребната документација во затворен плик преку Архивата на општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката.
Целокупната потребна документација и критериумите за добивање на субвенции се достапни на општинската веб страница на следниот линк:
https://kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Oglas5434.pdf
Архивата на општина Кисела Вода примените барања ќе ги евидентира со точно време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување на редослед по кој ќе се разгледуваат и прифаќаат барањата на база прв дојден - прв услужен и се до исполнувањето на предвидените финансиски средства од 1.200 000, 00 денари со вклучен персонален данок.
Јавниот повик ќе трае вкупно 5 (пет) работни дена сметано со денот на објавувањето.
Општина Кисела Вода преку најразлични субвенции ги помага своите жители. Покрај субвенциите за огревно дрво, веќе обезбедивме финансиска поддршка и за печки за пелети, за пелети како енергенс, за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради на подрачјето на општината.