Предвидено е во еден натпреварувачки ден да се игра по две кола. Потоа ќе следи плеј-оф завршница на првите четири пласирани екипи. Се предвидува есенска и пролетна сезона, а натпреварите се играат во големата општинска сала. Со своја екипа настапува и општината Кисела Вода. Покровител на проектот е градоначалникот на општината Билјана Беличанец Алексиќ.
Интересно е дека по два натпреварувачки дена, и по одиграни вкупно четири кола, шахистите од МЗ Пинтија, со вкупен учинок од 7 освоени бода, три победи и една нерешена средба, покажаа дека се најсериозни кандидати за шампионската титула . Конкуренти ќе им бидат шаховскиите екипи на месните заедници Кисела Вода, Бирарија и Драчево (с) со 6 освоени бода, пласирани од второто до четвртото место. Третиот натпреварувачки ден, во кој ќе се одиграат петото и шестото коло ќе се одигра во петок на 7-ми ноември.
Во продолжение следат резултатите од првите четири коло и моментната бодовна табела.
Прво коло
МЗ К.Вода – Општина К. Вода 3:1
МЗ Драчево (нас)- МЗ Драчево (село) 3:1
МЗ Црниче – МЗ Пинтија 2:2
МЗ Бирарија – МЗ 11Октомври (згради) 3:1
МЗ Пржино – МЗ 11 Октомври (бараки) 2:2
Второ коло
МЗ Пржино - МЗ К.Вода 2:2
Општина К. Вода - МЗ Драчево (нас) 3:1
Мз Драчево (село) – МЗ Црниче 3:1
МЗ Пинтија – МЗ Бирарија 3:1
МЗ 11-ти Октомври (бараки) – 11-ти Октомври (згради) 2:2
Трето коло
ОКВ – МЗ Пинтија 1:3
МЗ Драчево (село) – МЗ 11-ти Октомври (згради) 3:1
МЗ 11-ти Октомври (бараки) – МЗ Бирарија 1:3
МЗ Пржино – Мз Црниче 4:0
МЗ Кисела Вода – МЗ Драчево (населба) 2:2
Четврто коло
МЗ Пинтија – МЗ Пржино 3:1
ОКВ – МЗ Драчево (село) 1,5 :2,5
МЗ Бирарија – МЗ Драчево (населба) 4:0
МЗ Кисела Вода – МЗ 11-ти Октомври (згради) 2,5 :1,5
МЗ Црниче – МЗ 11-ти Октомври (бараки) 1:3
Табела:
- МЗ Пинтија 7
- МЗ К.Вода 6
- МЗ Бирарија 6
- МЗ Драчево (с) 6
- МЗ Пржино 4
- МЗ 11 Октомври (б) 4
- МЗ Драчево (н) 3
- ОКВ 2
- МЗ Црниче 1
- МЗ 11 Октомври (з) 1