Насловна
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи деветата пленарна седница на 26 април 2022 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
1.Предлог-Одлука за вопоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Град Скопје, за реконструкција и хортикултурно уредување на јавни зелени површини;
2.Давање позитивно мислење на Статутарната Одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ “Круме Кепески”-Општина Кисела Вода Скопје;
3.Давање согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на ЈДГ “8 Март” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
4.Предлог-Одлука за утврдување на реони во основните училишта од општина Кисела Вода;
5.Давање согласност на Деловникот за измена и дополна на Деловникот за работа на Патиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Кисела Вода;
6 Информација за Меѓународен конкурс Расадник;
7.Давање автентично толкување по барање бр.09-2711/1 од 17.03.2022 година од група граѓани во врска со максималниот број на станбени единици кои може да се изградат во општина Кисела Вода, каде постои намена А1 домување;
8. Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.