Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Трибина за глаголицата и кирилицата вечерва во Кисела Вода

Во седмицата кога уште еднаш се одбележува големото дело на браќата Кирил и Методиј, суштински поврзано со почетокот на создавањето на македонскиот книжевен јазик, Општина Кисела Вода организираше трибина насловена „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“.

 

На вечерашниот настан панелистите д-р Елка Јачева-Улчар, Лазе Трипков и Ласко Џуровски, поттикнаа интересна дискусија околу историските збиднувања врзани со настанокот на двете писма, како столбови на македонскиот јазик и култура. Се зборуваше за Кирил и Методиј, за Климент и Наум, за глаголицата и кирилицата од 9-тиот век до денес.

Се отвори дебата и за проблемите и грешките што се појавуваат кај поголем број нестандардни фонтови при испишување на определени букви од македонската кирилица, во услови на опкруженост од кирилските азбуки на другите словенски национални јазици.

Посебен интерес меѓу присутните пробудија темите поврзани со предизвиците што доаѓаат однадвор и свесноста која треба да постои кај институциите за зачувување на македонското писмо и јазик, како едни од најважните елементи според кој се препознава и македонскиот национален идентитет.


Во Домот за култура “Билјана Беличанец” каде се одвиваше вечерашната трибина, се’ уште е поставена изложбата “Македонска глаголица, македонска кирилица”, на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски, која претставува модерна визуелна интерпретација на двете писма.

Истата беше дел од настаните со кои Општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник, 6 Мај-Ѓурѓовден. Воедно, преку организирани посети, изложбата ја видоа и сите ученици од основните училишта на територија од овој дел на градот.


Општина Кисела Вода ќе продолжи и во следниот период со вакви и слични настани кои во својата суштина го имаaт афирмирањето на македонската историографија и културологија.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa