Насловна
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека во текот на утрешниот ден, во периодот од 9:30 до 15 часот ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците од населбата и селото Драчево.
Во наведениот период од денот, ЈП “Водовод и канализација” ќе менува затворачи во пумпните станици Драчево и село Моране кои поради интервенцијата нема да работат.
Без вода во истиот период ќе останат и корисниците од селата Студеничани, Моране, Зелениково и населба Орешани.