По соопштение од РЦУК - Скопје, Општина Кисела Вода информира дека утре во периодот од 08:00 до 11:30 часот дел од улиците „Ваташа", „Жарко Зрењанин" и „Славка Димовска" ќе бидат без напојување со електрична енергија. Додека, од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе останат и улиците „Јабланица" и „Саса".