Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи осмата пленарна седница на 14 март 2022 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
1.Предлог - Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кисела Вода и град Скопје за финансиско учество за изградба на атмосферска канализација по дел од улица Димо Хаџи Димов и улица Божидар Аџија – КРАК 2 во Скопје;
2.Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кисела Вода и град Скопје за изведба на фекална канализација во населба Градинар;
3.Усвојување на Годишен извештај на Oпштина Кисела Вода за 2021 година, со:
-Завршна сметка на Буџетот на општина Кисела Вода за 2021 година;
-Извештај за побарувањата и за обврските на Општина Кисела Вода, содржани во Завршната сметка на општина Кисела Вода за 2021 година;
-Извештај за реализација на блок дотации на општина Кисела Вода во 2021 година;
-Извештај од одговорниот сметководител за точноста и веродостојноста на годишната сметка на општина Кисела Вода за 2021 година;
4.Годишен извештај за користење на средства од резервите на општина Кисела Вода во 2021 година;
5.Извештај за извршениот попис на средствата и нивните извори со состојба на 31.12.2021 година;
6.Предлог-Буџетски календар на Oпштина Кисела Вода за 2022 година;
7.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.