Општина Кисела Вода Ви го честита големиот државен празник, 23-ти Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација. Визијата на нејзините основачи кои сонуваа за независна, суверена, демократска и европска Македонија, денес ја славиме во сопствена, независна државa. Нивниот остварен сон, а наша сегашност, значи должност за продолжување на патот кој води кон сплотена и силна Македонија, која ќе ја оставиме на генерациите што доаѓаат!
Нека ни е вечен Денот на Македонската револуционерна борба!