Новости
Ве известуваме дека Дваесет и четвртата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 28.01.2015 година (среда) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 24-та пленарна седница
Ве известуваме дека поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија во објектот на општина Кисела Вода, настанат поради техничка интервенција во трафостаницата на службите на ЕВН Македонија, денес општината работи со скратено работно време. Воедно, во сабота, 31.01.2015, општинската администрација ќе работи со работно време од 08:30 до 13 часот.
По информација добиена од ЕВН Македонија АД, ве известуваме дека утре, вторник, 27.01.2015, без напојување со електрична енергија ќе остане објектот на општина Кисела Вода, како и делови од улицата “Борис Трајковски”, ул.”Христо Татарчев”, ул.”Тодор Паница”, како и реонот спроти општината. Прекинот е поради техничка интервенција во трафостаницата и ќе трае во периодот од 09:00 до 14:00 часот.
На сите православни верници во Република Македонија, општина Кисела Вода им упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици. Одбележувајќи го настанот поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован Крстител, даваме наш придонес во она што е христијанска вредност и традиција - вербата во Бога, надежта и љубовта.
Нека ни е честит и вековит овој голем христијански празник!
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денес свечено ги отворија вратите на првата градинка во Припор. Објектот “Стапалче” е во состав на ЈДГ “8 Март”, a се наоѓа во новоизградениот дел од ПОУ “Круме Кепески”. Има капацитет да згрижи 75 дечиња. За неговото отворање, општина Кисела Вода, издвои од својот буџет 12 300 000 денари.
Повеќе: Општина Кисела Вода ја отвори првата градинка во Припор