Новости
Продолжува реконструкцијата и санација на улици и крпење на ударни дупки на улици лоцирани на територијата на општина Кисела Вода. Екипите на изведувачот на градежни работи, “БАУЕР БГ”- Скопје работат на машинско гребење на ударни дупки,чистење, премачкување со емулзија и пополнување со асфалтна маса со тип на асфалт АБ-11 и дебелина од 5 см на улици лоцирани во У.З„Црниче“.
По јубилеен 10-ти пат, новите родители од општина Кисела Вода присуствуваа на јавното доделување на ваучери за нивните новороденчиња.
Повеќе: По 10-ти пат, ваучери за новороденчињата од Кисела Вода
Со заедничко присуство на часот по историја на осмоодделенците од ОУ “Кузман Јосифовски Питу” во населба Кисела Вода, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со министерот за Образование и Наука, Спиро Ристовски, го одбележаа 9 Мај, кој во календарот на светски случувања е запишан како ден на победата над фашизмот и ден на европското обединување.
Повеќе: Час по историја со основците од "Кузман Јосифовски-Питу "по повод 9 Мај
На уличната атлетска трка ,,Ѓурѓовден 2014“, во организација на одделението за спорт на општина Кисела Вода, што се одржа на улицата ,,Ратко Митровиќ“ во Драчево, доминираа учениците на ОУ ,, Кузман Шапкарев“. Инаку, на пет трки учество земаа преку 200 ученици од основните училишта кои гравитираат во општина Кисела Вода. Најголем успех остварија учениците на ОУ ,,Кузман Шапкарев“, кој триумфираа во четири трки.
Повеќе: На атлетскатата трка ,,Ѓурѓовден 2014“ доминираше ,, Шапкарев“
Со низа случувања, денес, општина Кисела Вода го одбележува Ѓурѓовден, еден од поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија и во чија основа е будењето на природата и празнувањето на животот.