Насловна
Поради дефект на водоводот жителите на улицата “Христо Татарчев” 14/2 во Припор денес од 10 часот нема да имаат вода. Како што соопшти ЈП “Водовод и канализација” – Скопје, нивните екипи ќе работат на поправка на дефект на еден од затворачите. Прекинот во водоснабдувањето ќе почне во 10 часот и ќе трае се до отстранувањето на дефектот.
И оваа сезона, општина Кисела Вода продолжува со реализацијата на проектот ”Слобода во вода” кои на децата со посебни потреби од оваа територија преку спортски активности во вода им овозможува подобрување на психофизичката состојба. Овој проект, кој е дел од Програмата за активности од областа на социјална заштита, општина Кисела Вода, од минатиот октомври го реализира заедно со Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ”Дајте ни крилја”. Финансиските средства за истиот се обезбедени од општината.
Со пригодна програма во ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријатeлство”, oпштина Кисела Вода и годинава го одбележа Светскиот ден на мајчиниот јазик. На распишаниот јавен конкурс на тема Мајчиниот јазик – вруток непресушен ( Видое Подгорец ), со свои литературни и ликовни творби, учество зедоа ученици од сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода. Комисијата составена од раководителите во секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, по разгледувањето на сите пристигнати дела, одлучи да ги награди следните ученици:
Повеќе: Општина Кисела Вода го одбележа Светскиот ден на мајчиниот јазик
Во овие две кола најуспешни се покажаа екипите на М.З. Село Драчево-М.З. Бирарија каде во меѓусебната средба во 12-тото коло изграа нерешено 2:2, додека во 13-тото коло М.З. Село Драчево ја победи 11 Октомври (згради) со максимални 4:0, а М.З. Бирарија ја совлада екипата на Општина Кисела Вода со 3:1.
На 25-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 25-та пленарна седницa