Насловна
Општина Кисела Вода легализираше нови 50 дивоградби на своја територија. Со денешното доделување на решенијата, со правен статус се стекнаа 50 нелегално изградени зданија, со што е решена една третина од пристигнатите барања за легализација или вкупно 3454 предмети.
Повеќе: Општина Кисела Вода легализираше една третина од дивоградбите на своја територија
Ве известуваме дека Дваесет и петтата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 19.02.2015 година (четврток) со почеток во 12,00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 25-та пленарна седница
Со Објава бр.6 од 16.02.2015, за оттуѓување на градежно неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија, општина Кисела Вода, ја стави на продажба градежната парцела 5.1, дел од КП бр. 929/4 и КП бр. 923, спроти паркот Шопен, во близина на објектот на општина Кисела Вода. По пат на електронско јавно наддавање , ќе се одлучи кој ќе ја има најповолната понуда за изградба на објект со намена домување во станбена зграда (А2), со компатибилна намена Б, односно деловни и комерцијални намени. Површината на градежната парцела изнесува 1079 метри квадратни, на која може да се изгради објект кој во основа ќе биде 706 метри квадратни, ќе има бруто развиена површина од 4945 метри квадратни и максимална висина од 21 метар.
Повеќе: Општина Кисела Вода објави повик за оттуѓување на градежно земјиште
Координативното тело на Советот на општина Кисела Вода на последната координативна седница едногласно ја поддржа иницијативата на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ за доделување на еднократна парична помош за жителите кои се наоѓаат во поплавените подрачја на Македонија. Иницијативата за донирање на 500 000 денари, ја поддржаа сите советнички групи од Советот на општина Кисела Вода. Одлуката ќе биде донесена на претстојната седница на Советот закажана за 18.02.2015, по која средствата ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот Крст, специјално отворена за оваа намена.
По известување добиено од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ве информираме дека поради отстранување на уличен дефект на водоводна цевка на улица "Христо Татарчев" 22/2, утре од девет часот наутро без вода за пиење ќе останат корисниците од оваа улица во населата Припор.