Насловна
Со едукативен настан во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”, низ училиштата во Кисела Вода стартуваше еколошка кампања која има за цел да ја развие свеста кај учениците од 6-то до 9-то одделение за поврзаноста на потрошувачкото општество и отпадот, можностите и проблемите кои отпадот може да ги создаде, а воедно и да ги мотивира за да направат позитивна промена во секојдневниот живот со правилно селектирање на отпадот.
Повеќе: "Гоу Грин" стартуваше еколошка кампања во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”
Вашето дело е од голема важност за државата, за градот Скопје, но голема е заслугата што ја имате за афирмацијата и развитокот на општина Кисела Вода-истакна денес Претседателот на Совет на општина Кисела Вода Трајче Донев, на приемот за годинешните добитници на 13-то Номевриската награда кои се жители на оваа општина.
Повеќе: Добитниците на 13Ноемвриска награда на прием во општина Кисела Вода
Ученици од ОУ "Невена Георгиева Дуња", општина Кисела Вода, денес, во фоајето на новоотворениот Археолошки музеј на Македонија присуствуваа на промоцијата на книгата „Запознавање со минатото, археологија за деца“, од авторот Анета Фиданоска. Промовирајќи ја книгата, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ја истакна важноста на познавањето на сопственото минато.
Во Големата сала на општина Кисела Вода се одиграа шестото и седмото коло на шаховската лига помеѓу месните заедници, каде МЗ Бирарија со уште две последователни победи, се зацврсти на лидерската позиција. МЗ Бирарија во шестото коло со 3:1 ја победи екипата на Црниче, а истата судбина ја доживеа МЗ Кисела Вода која од МЗ Бирарија загуби со резултат 3:1.
Тече редовната есенска дератизација за уништување на штетните глодачи на територија на општина Кисела Вода. Со дератизацијата ќе бидат опфатени околу 3200 шахти, од кои досега се завршени околу 1000 во урбаните заедници 11Октомври бараки, 11 Октомври згради, во Црниче и во Пржино.