Насловна
Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во јавната трибина на тема “На секое дете му е потребно семејство”. Во вторник,(18.11.2014), со почеток во 19 часот во Големата сала на општина Кисела Вода, советникот во Советот на општината и претседател на Комисијата за социјална заштита, здравствена заштита и заштита на деца Кристина Колевска и раководителот на Одделението за деца без родителска грижа и заштита на возрасни при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје Снежана Касутовска ќе говорат околу потребата од постоење на за згрижувачки семејства, нивните права и обврски. Во дискусијата ќе можат да земат учество и сите присутни граѓани.
Продолжуваат активностите на општина Кисела Вода за подобрување на условите во училиштата на нејзина територија. Во левото крило на училишната зграда на ОУ “Кузман Шапкарев” во населбата Драчево, заврши поставувањето на нова електрична инсталација.
Повеќе: Нова електрична инсталација во ОУ "Кузман Шапкарев"-населба Драчево
И викендов продолжува акцијата за собирање на волуменозниот отпад во општина Кисела Вода.
Ги информираме сите жители на ова подрачје дека стариот мебел, душеци, старите електрични уреди и отпад сличен на овој, можат да го депонираат во големите контејнери кои денес и утре ќе бидат поставени на следните локации :
Со посета на градската библиотека “Браќа Миладиновци” од страна на учениците од основните училишта на оваа територија, општина Кисела Вода го одбележа месецот на книгата.
Повеќе: Училиштата од општина Кисела Вода го одбележаа месецот на книгата
Општина Кисела Вода се приклучи во големата акција за пошумување на Цементарница Усје АД Скопје. Претседателот на Советот Трајче Донев и раководителот на секторот за човечки ресурси при општина Кисела Вода Николче Гроздановски, заедно со директорот и вработените од оваа компанија, како и жители од општината, засадија дрвца во населбата Припор, во близина на Цементарница УСЈЕ, дел од предвидените 5500.
Повеќе: Општина Кисела Вода дел од акцијата за пошумување на Цементарница Усје