Насловна
Со свечена седница и неколку културно-забавни настани, најстарата скопска општина – Кисела Вода, во сабота (29.06.2013) ќе го прослави 58-от роденден. Со почеток во 10:00 часот, во големата сала на општината ќе се одржи свечена седница на Советот на општината, на која градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели благодарници на личности кои оставиле печат во работата и развојот на општината.
Културното лето во Кисела Вода продолжува и оваа недела. Културниот бран од месноста “Три круши”, се пресели во урбаниот дел на општината Кисела Вода. Имено, вчеравечер целовечерен концерт во паркот “Фредерик Шопен” одржа триото “ОЛЕ”, со изведба на класични нумери, странски преработки и македонски евергрини.
Повеќе: Триото “ОЛЕ” ја развесели публиката во паркот “Шопен”
Културното лето во Кисела Вода продолжува вечерва. Третата културна манифестација на годинашното културно лето, кое годинава се реализира под мотото “Бранувано Културно Три круши 2013-то лето”, ќе се одржи вечерва во паркот “Фредерик Шопен”. Со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржи триото “ОЛЕ” (две виолини и виолончело), со изведба на класични нумери, странски преработки и македонски евергрини.
Влезот за граѓаните е бесплатен!!!
На секое семејство со новороденче во периодот од 20.06.2013, заклучно со 31.12.2013 година, со живеалиште на подрачјето на Општина Кисела Вода, ќе му биде доделена еднократна парична помош во износ од 6.000,00 денари. Ова на денешната прес-конференција го најави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во присуство на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и дел од членовите на општинскиот совет.
Повеќе: Општина Кисела Вода со помош од 6.000 денари за секое новороденче
Процедурата за поднесување на потребната документација е многу едноставна.
Еднократна парична помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејството, до Општина Кисела Вода, со уредно приложена документација на увид, која ќе го потврди раѓањето на новиот член на семејството и територијалната припадност (живеалиште), на подрачјето на општината Кисела Вода.
Значи, барем еден родител треба да е жител на општината и покрај барањето кое може да го преземете подолу, неопходно е да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), како и Извод од матична книга на родените за новороденчето.
Истовремено барателите кон пријавата, неопходно е да приложат и фотокопија од трансакциона сметка.
Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
Потребното барање можете да го преземете од ТУКА.