Насловна
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на свеченоста по повод 60 години од постоењето на ООУ “Кузман Јосифовски Питу”.
Повеќе: 61-от роденден ООУ “Кузман Јосифовски Питу” ќе го дочека реновирано и целосно инклузивно
Подигнување на безбедноста на граѓаните и зголемување на довербата кон институциите во насока на поголема сигурност во своето место на живеење, беше целта на денешната средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со специјалните инспектори за превенција при СВР Скопје Ристо Јовановски и Катерина Стојкова и со командирот на ПСОН Кисела Вода Маја Стојановска.
Повеќе: Со заедничка акција на Општината и полицијата до побезбедна Кисела Вода
Работилници за јавни простори се одвиваат низ општинските основни училишта во Кисела Вода. Здружението „Кажи кога“ во соработка со локалната самоуправа им овозможи на учениците да се запознаат со основите на концептот за обликување и трансформирање на јавните простори и да дадат свои идеи во уредувањето на општествениот простор кој е нивно соседство и го делат со останатите свои сожители.
Повеќе: Основците преку работилници цртаат мапа на Кисела Вода по нивна мерка
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи седмата пленарна седница на 24 февруари 2022 година (четврток) со почеток во 14:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи седмата пленарна седница
Продолжува чистењето на депониите низ Општина Кисела Вода, создадена од несовесност и негрижа на граѓаните.
Повеќе: Општина Кисела Вода чистеше мини депонии на ул. "Вера Јоциќ"