Насловна
Меѓународниот конкурс за конечниот лик за Расадник и понатаму е во фокус на стручната јавност. Грaдоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, предводени од Претседателката м-р Кристинка Радевски, д-р Жаклина Ангеловска, член на Собрание од одделението за урбанизам, како и генералниот секретар на Комората, м-р Димче Атанасовски.
Во контекст на начелата за зајакнување на соработката со здруженија на граѓани и фондации кои со својата стручност учествуваат во развојот на општината, Општина Кисела Вода објави јавен повик за нивна финансиска поддршка. Локалната самоуправа ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во различни области: култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство, млади, и различни видови активности за лица со посебни потреби на подрачјето на општина Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода објави јавен повик за финансиска поддршка на Здруженија на граѓани
Започна серијалот предавања во општинските училишта во Кисела Вода, посветени на препознавање и заштита од сајбер насилство. Во текот на вчерашниот ден, согласно претходно договореното со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, инспектори од СВР Скопје, од ПСОН Кисела Вода, заедно со претставници на Црвениот крст преку кои се спроведува проектот, одржаа работилница во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”.
Повеќе: Серија предавања против сајбер булинг низ училиштата во Кисела Вода
Кристијан Стојановски е седумнаесетгодишник од населбата Пинтија. Со пливање се занимава од својата петта година и досега има значајни меѓународни успеси. Денес, овој перспективен пливач кој е регистриран член во македонската Национална Пливачка Федерација и репрезентатитвец на Македонија во далечинско пливање, беше гостин на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со кој ги сподели своите достигнувања.
Повеќе: Младиот пливачки репрезентативец Стојановски доби поддршка од градоначалникот Ѓорѓиевски
Оформено e партиципативно тело од граѓани за идејното решение за ДУП-от за Расадник, кое го иницираше Општина Кисела Вода со цел да се зголеми транспарентноста на целиот процес.