Насловна
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во својот кабинет оствари средба со тимот од ТАВ ТЕПЕ АКФЕН, предводен од нивниот технички менаџер, Емрах Тосун. На состанокот се разговараше за степенот на реализација на проектот финансиран од Групацијата ТАВ, за кој на Општина Кисела Вода и’ беа одобрени средства во висина од 13.784.000 денари.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски на работна средба со претставникот од Групацијата ТАВ
Четвртоодделенците од ООУ “Кузман Јосифовски Питу” денес имаа едукативна посета. На часот по Општество, каде се изучува темата локална самоуправа, им гостуваше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Тој на учениците им објасни како практично функционира една локална самоуправа и кои се нејзините надлежности.
Повеќе: Час за локална самоуправа заедно со градоначалникот Ѓорѓиевски
Продолжува големата акција за чистење на Општина Кисела Вода. После Расадник, од утринава истата се спроведува во урбаната заедница Бирарија.
По известување од страна на ЕВН, Општина Кисела Вода информира дека денес без електрична енергија ќе останат корисниците од бул. “Борис Трајковски” од стеснувањето кон Ваташа во Пинтија. Прекинот ќе биде во периодот од 08.30 до 12.00 часот.
Повеќе: Дел од корисниците од бул. “Борис Трајковски” денес без струја
Согласно добиеното известување од Од ЈП Водовод и Канализација, Општина Кисела Вода информира дека утре, петок, 05.11.2021 година ќе има прекини во водоснабдувањето во дел од Кисела Вода поради изведување на водоводен приклучок.