Насловна
По соопштение од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, Ве информираме дека денеска заради изведба на технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат граѓаните од делови од улиците „Домазетовска“ и „Китка“, во с. Драчево.
Општина Кисела Вода денес започна со чистење на дивата депонија во месноста викана Дупки во населбата Драчево. Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој беше на терен заедно со службите.
Повеќе: Ѓорѓиевски: На местото од депонијата во Дупки, правиме парк од 4.000 м2
Тече обуката за негуватели за стари лица кои ги ангажира Општина Кисела Вода во соработка со УНДП. Преку програмата „Општинско-корисна работа“, проект “Се грижиме за возрасните”, беа избрани невработени лица кои ќе им помагаат на стари лица кои живеат сами и имаат потреба од помош во извршување на секојдневните обврски и активности.
Повеќе: Обезбедени негуватели за старите лица од општина Кисела Вода
Согласно добиена информација од ЈП Водовод и Канализација, ве известуваме дека утре, вторник, 02.11.2021 год, е можен прекин во водоснабдувањето во делови од Пинтија.
Со цел да им се излезе во пресрет на сите граѓани и да се зголеми достапноста на услугите, Општина Кисела Вода воведува двосменско работење на општинската Архива. Од понеделник, први ноември 2021 година, граѓаните кои имаат потреба да достават документација, да подигнат веќе изготвена документација и слично, тоа ќе можат да го сторат и во попладневните часови.
Повеќе: Архивата на Општина Кисела Вода ќе работи и втора смена