Сите вакви пријави ќе се поставуваат на општинската веб-страница, а секој граѓанин ќе има можност да види до каде е постапката за решавање на комуналниот проблем. На прес-конференцијата присуствуваа и градоначалниците на општините Аеродорм и Гази Баба, Ивица Коневски и Тони Трајковски, претставникот на УНДП во Македонија, Алесандро Фракасети, како и заменик - министерката за информатичко општество и администрација, Марта Томевска и директорот на ЅЕС - бизнис инкубаторот, Љупчо Деспотовски. “-Проектот “Види, пријави, поправи” е пионерски потфат, кој за првпат се применува во Република Македонија, а Општина Кисела Вода е почестена што има можност да биде една од првите општини во Република Македонија, која го имплементира овој проект” – изјави градоначалникот Беличанец - Алексиќ. Беличанец – Алексиќ информираше дека граѓаните кои ја користат ИКТ-технологијата, односно поседуваат паметни телефони, на едноставен начин ќе можат да ја симнат и користат оваа апликација и со тоа директно да учествуваат во работата на општинските служби, во насока на подобрување на општинските комунални услуги. -“На ваков начин, граѓаните ќе станат нашите “очи” во месните и урбани заедници и директна помош на нашите комунални служби во регистрацијата и детектирањето на комуналните проблеми” – заврши Белиачнец - Алексиќ. Проектот е финансиран од УНДП, а реализатори се ЅЕС - бизнис инкубаторот и Економскиот институт во Скопје.