Катастарот го изработи експертски тим на „Технолаб“ со собирање на податоци кои се вметнати во картите на загадувачи.
Целта на катастарот е преку него да се добие квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата на емиторите и емисијата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата и генерираниот отпад, заради следење на трендовите на основните индикатори за квалитетот на животната средина на територијата на локалната самоуправа, како и за контрола за успешноста на мерките кои ќе се преземаат. Базата на податоци и обработката на истите, на институциите ќе им служи како инструмент за одржливо управување со квалитетот на животната средина.
Фото: SDK.MK