На натпреварот, шанса за докажување им беше дадена и на младите баделки.
Од екипата на „Бадел“ најефикасна на теренот беше петнаесет годишната Марија Николов со постигнати 25 поени. Голем придонес за победата дадоа и Цветанка Димова 21, Сара Максимовска 17, Драгана Јоловиќ 15, Сања Адамовска 13, Мартина Маркоска 7, Јана Петрова и Марија Димитријевиќ 6, и Стефани Цветановска со 5 постигнати поени. Најефикасни во тимот на ЖКК „Шкупи“ беа Цури со 18 и Салиу со 7 постигнати поени.