03/04 2021
Денеска почна со одбележување на трасата а изградбата ќе започне за седум дена и ќе трае 7-9 месеци. Уште едно населено место во општина Кисела Вода кое ќе добие приклучок на фекална канализација. Ова е една од подолгите преостанати делници на канализациска мрежа која ја изведува општината. Работите на канализациската мрежа во Усје во должина околку 2.000 метри ќе биде завршена во следните два месеци, а ќе ни преостанат уште неколку пократки делници кои ќе започнат во првата следна прилика кога ќе се обезбедат средства.
![](/images/2021_godina/_DSC0886.JPG)
На активностите за отпочнување на работите градоначалникот Филип Темелковски изјави дека е ова ушт еден чекор кон исполнување на неговата желба и визија сите граѓани на општината да ги имаат пристап до основните услови за достоен живот, а тое е водовод и канализациска мрежа. Во оваа прилика сакаме да ги замолиме граѓаните за трпение за нелагодноста додека траат градежните работи, ископот и поставувањето на цефки и шахти, воедно ги замолуваме и за зголемено внимание при движењето околку ископаните канали.
Во наредниот период општината ќе продолжи со асфалтирање на улици, обнова на паркови и изградба на детски игралишта подеднакво распоредени во сите Месни заедници на општината.
Додај коментар