Почитувани православни верници,
На денешниот најголем и најрадосен христијански празник Велигден, денот на Христовото воскресение Ви упатуваме честитки со желби за одлично здравје, среќа и љубов. Посакуваме постојано да бидете исполнети со безброј среќни мигови.
Велигденското празнување да продолжи да не потсетува на тоа дека треба да си простуваме, а и да им помагаме на немоќните. Хуманоста да ни биде секојдневие.
Христос воскресе!
Навистина воскресе!
Нека е честит Велигден!