По санацијата на санитарните јазли ќе се реновираат и соблекувалните. За стартот на учебната година, во борба со пандемијата, се обезбедени средства за ковид со безбедносен сертификат кој го гарантира квалитетот на истите, а бидејќи училиштето располага со голем двор и површина се прават подготовки за обезбедување на редовна дезинфекција, дератизација, дезинсекција, се чистат оџаците и се обезбедуваат заштитни униформи за вработените од помошно-техничкиот персонал.
За потребите за учениците од четврто одделение обезбедени се три смарт табли и принтери (печатачи), како и смарт табла од средствата на Фонд за иновации и технолошки развој за реализација на проектот. Ќе се спроведе тендерска постапка за наставно-образовни помагала за прво и четврто одделение и тендерска постапка за таблети за децата од социјално ранливите семејства, како и постапка за мрежно одржување и информатички услови за потребите на онлајн наставата и интерактивната настава.
Иако се работи за училиште старо 98 години, грижата за обезбедување на достоинствени услови за сите ученици и вработени, во сите сегменти од функционирањето на училиштето, дава резултати.
Училиштето е подготвено и оваа учебна година, како и минатата да овозможи услови за редовна настава, комбинирана настава или учење од далечина, согласно епидемиолошката слика на ниво на училиште, и пошироко. Новото време наметна нови барања и потреби, динамично темпо на работа. Но, со тимска работа и поддршката од локалната самоуправа и од МОН, неизбежен е системски резултат.