Се работи за реконструкција на улицата во должина од 1.3 км. Градежните активности ќе траат еден месец.
Претходно, на оваа улица, Општина Кисела Вода постави водоводна мрежа во должина од 1.2 км, со што жителите од овој дел на Скопје добија подобрено водоснабдување, а по завршувањето на сегашните активности за санација на улицата, подобра ќе биде и патната инфраструктура.
Општина Кисела Вода апелира за трпение и разбирање од страна на локалното население додека траат градежните работи. Екипите што работат на реконструкциите и на оваа и на другите локации во општината, се трудат да работат брзо и во тие куси рокови внимателно планираат како нарушувањата во сообраќајниот режим да бидат минимални.