- Граѓаните на Кисела Вода повеќе не смеат да бидат жртви на неажурноста на општинската администрација. Отсега, секој поднесен документ ќе биде процесиран во најбрз можен законски рок, а администрацијата ќе биде вистински сервис на граѓаните. Денес, потпишав 100 решенија за легализации и лично заедно со мојот тим ги доставивме на граѓаните кои со месеци чекаа остварување на своето граѓанско право-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Во насока на побрзо решавање на предметите, се зголемува бројот на службеници кои работат на процесот на легализација, се формираат повеќе комисии за вршење увид, со што интензитетот на работа ќе биде зголемен и легализацијата на дивоградбите ќе се одвива со забрзано темпо.
Преостанати се уште 5735 предмети. Општина Кисела Вода ги замолува граѓаните кои поседуваат ваков објект да ја докомплетираат документацијата, со што процесот на легализација би течел непречено и тие би стигнале побрзо до својот имотен лист.