Градоначалникот Ѓорѓиевски, ги презентираше и капиталните проекти од својата Програма, кои во еден дел се веќе отпочнати, а најголемиот број ќе се реализираат со почетокот на градежната сезона.
На средбата, на која присуствуваше и бискупот Кирил Стојанов, се говореше и околу намерите за рамномерен развој на општината, планирањето за формирање на две нови технолошко развојни зони во општината и подобрувањето на деловната клима во Кисела Вода во целост, која треба да донесе инвестиции во целата општина. Амбасадорот Клеменс Која истакна дека Кисела Вода и нејзиниот градпначалник, можат да сметат на поддршка од на мисијата на ОБСЕ.
Разговорот беше заокружен со договор за следна средба.