Пред само две седмици заврши и големата акција која се спроведуваше со Град Скопје, преку која јавните препријатија темелно ги чистеа поголемите улици кои се во нивна надлежност, а редовното расчистување на локалните улици и мини депониите од страна на Општина Кисела Вода непрекинато тече.
Акцијата за косење на тревните површини и уредување на парковското зеленило продолжува и во наредниот период. Како што најави градоначалникот Ѓорѓиевски, подобрената услуга од комуналните служби ќе резултира со чисти улици и средени паркови, со чиста и зелена Кисела Вода, како што доликува на една модерна општина.