Градоначалникот Ѓорѓиевски го информираше околу плановите за развој на овој дел од Скопје и предвидените проекти чија реализација наскоро ќе започне. Соговорниците посебно се задржаа на темата образование, која беше повод за денешната посета на тимот од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
Преку Меморандумот за соработка кој денес го потпишаа, се обезбедени 15 целосни стипендии за додипломски студии во оваа институција. Воедно, договорената соработка опфаќа и партнерство во аплицирање на проекти од заеднички интерес, реализација на практикуми за студенти, како и организирање на настани од заеднички интерес, подобрување на капацитетите во општината со реализација на обуки и работилници, воспоставување на соработка со други општини, како и експертска поддршка од страна на Универзитетот во сферата на градење и креирње на атрактивни туристички брендови на ниво на Кисела Вода, за што оваа општина, како најстарата скопска општина има огромен капацитет.