Најтрофејниот женски кошаркарски луб во Македонија, овојпат титулата ја завери на гостински терен во Македонска Каменица, победувајќи со 77:71. Најдобра на теренот беше репрезентативката Александра Стојановска која постигна 27 поени а воедно се закити и со титулата МВП- најкорисен играч на првенството.
- Девојките заслужено го освоија првенството. Беа доминантни во текот на целата сезона, макотрпно тренираа и мислам дека желбата за триумф и дисциплината беа одлучувачки фактори за 14-тата титула на Бадел 1862, - истакна тим менаџерот Љупчо. Павловски.